(Објавена на 26.06.2008) Доаѓа доктор во лудница за да му направи тестови на пациентите. Кој ќе го одговори прашањето ќе му биде дадена отпусница. Најпрво влегуваат три пациенти...
Докторот: Колку се 2+2?
Пациент1: 300.
Докорот: Фала, ајде назад во собата.
Докторот: Колку се 2+2?
Пациент2: Вторник.
Докорот: Фала, ајде и ти назад во собата.
Докторот: Колку се 2+2?
Пациент3: 4.
Докорот ја потпишува отпусницата и му вика: Среќно само... можиш ли да ми кажиш како го доби бројот 4.
Пациент3: Полесно здравје! 300-Вторник=4!
Фудбал
Играат фудбал слонови и глувци, на крај еден слон вика
"Извинете ако игравме грубо.."
- Глушецот се насмевнува и вика
"Ништо, ништо, и ние се буткавме..."
Американец и австралијанец
Некој Американец отишол на гости во Австралија кај некој пријател. Пријателов почнал да го шета по ранчот и да му покажува што се има..одат така по ранчот и доаѓаат до стадо овци и Американецот прашува, што се овие? -Овци, му одговара домаќинот.
-Ова ли се овци, кај нас во Америка колкави овци има... продолжуваат понатаму и доаѓаат до коњите и американецов пак прашува
-Што се овие? -Коњи, му одговара домаќинов,
а американецот со потсмев -Ова ли се коњи, кај нас во Америка колкави коњи има... и на типов му пукнал филмот, одат до кенгурите и американецот прашува
-Што се овие?
-Скачки се овие бе пичка ти матер!
Егеец
Влегува егеец во кафана и вика -Кој го спаси син ми од давење, кој го извади од реката??? И еден од гостите скромно дига рака и му вика -Јас го спасив син ти... -Кај му е капата бе, а!?
Трпе во Бугарија
Трпе отишол во Бугарија на шопинг. Ја паркирал колата, и на шофер шајбната напишал "внатре нема ништо вредно".
Кога се вратил од шопинг, што ќе види, колата обиена, скршени џамови, внатре се испретурено и нашол едно ливче на кое пишувало:
"Ас сум должен да проверам.!"